Свет Топ вести

Фајзер бара дозвола за вакцинација на деца од пет до 11 години

Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска соопшти дека од Управата за храна и лекови (ФДА) побарала дозвола вакцината против Ковид-19 да се аплицира на деца од пет до 11 години.

Доколку ФДА одобри, според компанијата, вакцинацијата на деца може да почне во рок од неколку недели. Но, конечната одлука за вакцинација на помладите деца ќе ја донесат експертите од Центарот за контрола и превенција на болести.

Фајзер наведе дека нејзиното истражување покажало дека помладите деца треба да добијат и трета доза како возрасните лица.

Истражувањето е спроведено на 2.268 доброволци на возраст од пет до 11 години, при што е утврдено дека нема сериозни нуспојави од вакцината против Ковид-19. Фајзер наведе дека нејзиното истражување покажало дека помладите деца треба да добијат и трета доза како возрасните лица.

  • Тие не се мали возрасни луѓе. Тие се мали луѓе. И ние сакаме да се осигураме дека тоа е апсолутно безбедно за нив. Но, јас би била пресреќена кога тоа ќе се случи, Бритни Пребол, мајка.
  • Ако не сакате да ја добиете вакцината, само не се плашете, бидејќи ако ја добиете, можете да им помогнете на другите – Себастијан Прибол, учесник во студијата.

Вакцината на Фајзер е одобрена за тинејџерите на возраст од 12 до 15 и за постари од 16 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе