Фејсбук, Ватсап и Инстаграм, како и апликацијaта за комуникација Фејсбук месинџер се недостапни во моментов се недостапни. Според првичните информации, сите сервиси кои се во сопственост на фејсбук, се недостапни во целиот свет.
Свесни сме дека некои наши корисници имаат проблем со пристапот до нашите апликации и продукти. Работиме за да ги вратиме работите во нормала, колку што може побрзо и се ивинуваме заради непријатностите, соопштија од технолошкиот гигант.
Се уште нема официјална причина зошто сите социјални платформи на Фејсбук паднаа во исто време. Експертите за интернет мрежи шпекулираат дека најверојанто станува збор за проблем со домејн системот за фејсбук адреси. Ова нема да биде прв пат годинава проблеми со домејн системот да урнат големи веб страни, откако претходно на 8 јуни годинава слични проблеми имаа веб страните на Амазон, Airbnb, UPS, британската HSBC банка, Бритиш Ервејз, британски Гардијан, Reddit и Њујорк тајмс, но и мрежата на Play Station, која милиони корисници ја употребуваат за онлајн игри.
Во еден од тие случаи, падот на домејн системот беше предизвикан од еден корисник кој направил промени во поставките за неговата веб страна. Стануваше збор за Фастли, една од само неколкуте компании во светот кои ја одржуваат оромната инфраструктура која го поврзува интернетот. Тогаш главниот инжењер на Фастли, Ник Роквел изјави дека промените кои ги направил еден нивен корисник, а кои се однесувале на апдејти воведени уште во средината на мај, предизвикал да се појават грешки во дури 85 проценти од нивната мрежа.
Во секој случај, многу е рето вакви проблеми да им се случат на технолошки гиганти како Фејсбук, и да не можат да бидат поправени подолго време.
Сепак останатите големи мрежи како Reddit и Твитер не се воздржаа да се подсмеваат со Фејсбук.
hello literally everyone
— Twitter (@Twitter) October 4, 2021
