Македонија остана без уште еден дипломат во Русија откако вториот секретар во македонската дипломатска мисија во Москва е прогласен за персона нон-грата. Во рускотот МНР денеска на вршител на работите во македонската амбасада Оливера Чаушевска Димовска и била врачена нотата за протерувањето на вториот секретар, кој неодамна бил делегиран во Русија. Од македонското МНР соопштја дека протерувањето преставува возвратна политичка одлука од страна на Русија без никаков мериторен основ, оценувајќи го како целосно неоснован и кој негативно ќе се одрази на односите меѓу двете земји. Одлуката за протерување на македонскиот дипломат уследи откако во август Македонија протера руски дипломат, за што, како што наведуваат од Министерството за надворешени работи на Македонија биле доставени евидентирани докази за негово дејствување во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи.
Во текот на една година, Македонија одзеде акредитации на двајца руски дипломати, како солидарност со Чешка, по дипломатскиот скандал околу бомбашките напади во Врбетица. И двапати Русија одговори со иста мерка, односно протера по еден вработен во македонската амбасада во Москва.
Во македонската мисија во Москва останува да ги обавува своите обврски вршителот на работите, а наскоро се очекува таму да биде упатен и нов амбасадор.
