Македонија Топ вести

ЕУ сепак ќе даде поддршка на проширувањето, но условено со нејзиниот капацитет за проширување

27-те членки на Европската унија се договорија во заедничката изјава од Самитот ЕУ – Западен Балкан да дадат поддршка на проширувањето, но со завршна реченица во тој дел, дека ЕУ ќе ја потенцира важноста на продлабочување на сопствениот развој за да можe да обезбеди прием на нови членки. Како што брифираат официјални претставници на ЕУ, формулацијата за проширувањето уследила откако некои земји члeнки, без да се прецизира кои, го поставиле прашањето за различните аспекти на проширувањето.

Според официјалните претставници од Брисел, ЕУ има многу предизвици кога станува збор за проширувањето, како што е спроведувањето на реформите во секоја од земјите одделно, билатералните прашања, при што се посочува блокирањето на Македонија и Албанија од страна на Бугарија, но и сопствените капацитети за апсорпица на нови членки. Сепак според нив, иако има проблеми, вратата за проширување не е затворена.

Притоа повторно се посочува политиката на проширување како една од најдобрите политики на Унијата, но оти тоа сепак зависи од рефомите кои ги спроведува секоја од земјите поединечно. Токму тоа бил аргументот за отфрлање на словенечкиот предлог членките на ЕУ да се обврзат до 2030 година да се прошират со сите земеји од Западниот Балкан. Но иако такво обврзување нема да биде дел од заедничката изјава од Самитот задутре, не е исклучено лидерите да разговараат за тоа на состанокот.

Освен барањето на Словенија, во изјавата нема да биде спомената ниту Бугарија поради својата блокада на стартот на преговорите на Македонија и на Албанија.

Официјални извори од ЕУ наведуваат дека во тек се разговорите меѓу Македонија и Бугарија двете земји да постигнат решение и земјава да ги почне прегвоорите. Според нив, самитот ќе биде добра можност да се разговара со двете земји и да се надмине проблемот, што според нив, е битно за кредибилитетот на процесот.

Дека на самитот во Словенија ќе продолжат македонско-бугарските разговори за надминување на ветото, потврди денеска и шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Според него Самитот ќе биде добра можност и двете страни да покажат посветеност и конструктивност за надминување на разликите и по изборите во Бугарија да се донесе одлука за старт на преговорите со Македонија. Османи денеска за таа можност разговарал со својот германски колега Хајко Мас, но и со германскит државен секретар за Европа, Михаел Рот.

„Денеска разговаравме поконкретно за овој нов прозорец на ожност кој што се отвора за започнување на прегвоори во декември веднаш после изборните циклуси во Република Бугарија и кај нас, а за што во наредните недели треба да се ангажираат двете страни. Германија останува сериозен и силен поддржувач на нашите европски перспективи“, изјави Османи за Телма.

Османи по средбите во Берлин изрази надеж дека на идниот самит на ЕУ, во декември, ќе биде постигнат консензус за старт на преговорите со Македонија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

СДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спасува Груевски, ВМРО-ДПМНЕ со одговор-фактите се непријатни за СДС

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе