Свет Топ вести

Осум загинати- авион се урна врз празна зграда во Милано

Мал приватен авион се урна попладнево врз празна зграда во предградието на Милано, при што загинаа сите осум лица во него, објави полицијата.

Авионот, кој полета од аеродромот Линате во Милано, леташе кон островот Сардинија, соопштија официјалните лица.

Несреќата се случила пред приградска метро станица.

Луѓето во областа слушнале експлозија кога авионот удрил во двокатна зграда, која во тоа време била празна додека се обновувала.

Пламен и чад се забележани на местото на настанот, а неколку паркирани возила се запалија, велат сведоците, но нема информации за други жртви.

Авионот се урнал само 11 минути по полетувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе