Свет Топ вести

Водечките партии во Германија започнуваат преговори за коалиција

Водечките германски политички партии, левоцентристичката Социјалдемократска партија (СПД) и конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) денеска започнуваат одвоени разговори со две други формации, истражувајќи ја можноста за формирање трипартиска коалиција, јави ДПА.

На парламентарните избори одржани пред една недела, социјалдемократите преовладаа над конзервативците, кои ги забележаа најлошите изборни резултати во нивната историја.

Сепак, и покрај победата на СДП, која било од двете големи партии би можела да ја предводи следната влада доколку ја добие поддршката од Зелените и пробизнис ориентираната Слободна демократска партија (СДП), неопходен услов за добивање парламентарно мнозинство.

Претставниците на СПД денеска ќе одржат одделни билатерални разговори со Зелените и Слободните демократи. Подоцна во текот на денот, ЦДУ треба да се сретнат со СДП, со која тие заедно владееја во минатото.

Двете помали партии, чии платформи се многу различни, во петокот разговараа изразија подготвеност да постигнат некаква форма на консензус за формирање поширока коалиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе