Свет Топ вести

СИРИЗА поставува два услови за да го гласа Договорот за воена соработка меѓу Грција и Франција  

Договорот за стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Грција и Франција што во вторникот во Париз го потпишаа двете земји, веќе е доставен во грчкиот Парламент, а од СИРИЗА поставуваат два услови, односно корекција на два од членовите за да го поддржат договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

За СИРИЗА проблематични делот од Договорот што, според партијата,  во него не ги вклучува  морските економски зони одредени од меѓународното право, како и членот со кој се предвидува испраќање грчки војници во Сахел.

Според грчките медиуми,ова, го истакнал лидерот на партијата Алексис Ципрас на вчерашниот партиски состанок и побарал корекција на двата члена.

Од грчката опозициска партија, преку соопштение, бараат од Владата да одговори дали се согласува со условите што Алексис Ципрас ги постави за да го поддржи Договорот и прашуваат зошто морските економски зони не се вклучени и „дали Владата се согласува да се испраќаат грчки војници во француски мисии во Сахел?“.

Ципрас, за понеделник закажа заеднички состанок на политичкиот совет и пратеничката група на СИРИЗА.

Договорот, што меѓу другото вклучува и набавка на три модерни француски фрегати „Belharra“, а го потпишаа министрите за надворешни работи и одбрана на двете земји, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера беше доставен во грчкиот Парламент, во вторник ќе биде разгледан на надлежната комисија, а за четврток е планирана расправата и ратификацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе