Припадниците на специјалната косовска единица Рос денеска после пладне започнаа со повлекување од граничниот преминот Јариње од каде утрово во седум часот Србите ја ослободија едната лента од патот. Косовските специјалци чекаа целосно да се ослободи патот па и тие да почнат со повлекување. На Јариње сега се проодни двете ленти, а на Брњак една.
Според договорот од Брисел по целосно ослободувањето на граничните премини меѓу Косово и Србија, Јариње и Брњак, војниците на КФОР две недели ќе го обезбедуваат теренот.
Мисијата на КФОР, предводена од НАТО почна да ги презема првите чекори за деескалација и подобрување на состојбата на Северот на Косово, каде блокадите траеја 12 дена. Од денеска под силно присуство на КФОР според Резолуцијата 1244 на Советот на безбедност на ОН од 1999 година ќе се обебзбедува слободата на движење на сите заедници кои живеат на Косово, се наведува во нивното соопштение. Воспоставување на слободен проток на сообраќајот се очекува во понеделник.
Read the full statement of @NATO-led #KFOR in support of the implementation of the recent arrangement on de-escalation in northern #Kosovo pic.twitter.com/8w0UDWqhvS
— @NATO – KFOR (@NATO_KFOR) October 2, 2021
Постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина во врска со регистарските таблички, предвидува на местото на симболите на Косово и Србија да бидат ставани налепници. Во меѓувреме работна група, на чие чело ќе биде претставник на ЕУ, ќе работи на пронаоѓање конечно решение. Првиот состанок на групата е закажан за 21 октомври во Брисел, а предвидено е конечното решение да биде најдено во рок од шест месеци.
Србите од Косово до вчера, дванаесет дена со ред, со своите возила и земјоделска механизација беа на блокадите, откако Приштина одлучи српските регистарски таблични при влез во Косово да бидат заменува како привремени. Приштинските власти ваквиот чекор го нарекоа реципроцитет на правилото за непризнавање на косовските таблички, кое Србија го воведе уште во 2008 година.
Билјана Ставрова
