Свет Топ вести

Од понеделник воени танкери ќе ги снабдуваат бензинските со Британија со гориво

Снабдувањето со гориво се уште е голем проблем во југоисточна Англија, велат од Асоцијацијата на трговци со гориво но во истовреме има подобрување во северна Англија и во Шкотска. Војската ќе започне со испорака на бензин низ Велика Британија од понеделник.

Најмалку 150 возачи на воени танкери се подготвени за испорака на гориво од рафинериите до бензинските станици. Кризата ја предизвика недостатокот на возачи на камиони, што доведе до панично купување бензин ширум Велика Британија.

Обединетото Кралство се бори со кризата со горивото што предизвика огромни редици пред некои бензински пумпи и ги принуди луѓето да бараат бензин возејќи на резерва на повеќе бенцински станици.

Додека владата и трговците велат дека има доволно гориво во рафинериите во Обединетото Кралство, недостатокот на возачи го забави транспортот, а побарувачката стана се поголема.

Поради Брегзитот земјата ја напуштија 20.000 стручни лица главно од Источна Европа. Британската владата вели дека трупањето гориво од страна на граѓаните уште повеќе ја влошило состојбата, бидејќи се работи на тоа 5.000 камионџии да добијат дозволи за работа.

Сепак според проценките во Велика Британија недостасуваат повеќе од 100.000 возачи на камиони, што во последните месеци предизвика проблеми во прехрамбената индустрија, односно во доставата на храна и лекови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе