Вести Свет Топ вести

Озлем Туречи: Ковидот веќе го контролираме, но ќе остане меѓу нас уште неколку години

Коосновачката на фармацевтската компанија „БиоНТек“, Озлем Туречи, изјави дека коронавирусот сигурно ќе остане меѓу населението уште неколку години.

  • Ковидот веќе е под контрола, но но вирусот сигурно ќе остане таму меѓу нас уште неколку години, рече коосновачката на „БиоНТек“, во изјава за американската телевизија Си-Ен-Би-Си.

Туречи нагласи дека светот се уште се бори против коронавирусот и дека компанијата, која заедно со „Фајзер“ ја развива вакцината против коронавирусот, внимателно ја следи ситуацијата кога станува збор за можни нови видови.

  • Во овој момент, третата доза, која предизвикува дополнителен имунолошки одговор, само по себе дејствува заштитно за секоја постојна варијанта на вирусот, рече Туречи.

Таа, исто така, изјави дека вакцините на „Фајзер“ можеби во иднина нема да го заштитат населението од нови видови, па затоа сите во компанијата мора да бидат подготвени за таквата иднина со цел да преземат брзи и ефективни мерки за заштита. Како ќе се одвива пандемијата, Туречи вели дека во иднина веројатно ќе треба да се вакцинираме на секои 12 до 18 месеци против ковид.

Основачите на компанијата „БиоНТек“, Угур Шахин и Озлем Туречи од самиот почеток се вклучени во развојот на вакцината против коронавирусот, а нивните напори беа препознаени на крајот на март оваа година кога го добија највисокото германско признание за развојот на вакцината против коронавирус. На овие сопружници им беше доделен витешкиот крст за заслуги. сд

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе