Вести Свет Топ вести

Белград и Приштина постигнаа договор

„Имаме договор!“ По два дена интензивни преговори, постигнат е договор за деескалација и напредок – напиша на твитер налогот Мирослав Лајчак – специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина.

Договорено е Косово да ги повлече од премините Брњак и Јариње специјалните единици на полицијата и во истовреме да ги отстрани блокадите на патиштата. Ова треба да се случи во сабота најдоцна до 16 часот.

Силите КФОР, две недели ќе останат на премините и ќе се погрижат за „безбедно опкружување и слобода на движење“.

А од понеделник, 4 октомври се воспоставува режим за лепенки на автомобилите, а не отсранување на регистраските таблички. Во однос на ова, ќе се формира Работна група, во која треба да има и претставници и на ЕУ, и за шест месеци ќе треба да изнајде трајно решение. Првиот состанок на оваа работна група е најавен за 21-ви октомври.

Српскиот претседател Вучиќ веста за постигнатиот договор ја потврди веднаш по средбата со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која на својата турнејата по земјите од Западен Балакан, последна станица и беше токму Србија. Договорот има и некои недостатоци, но постигнавме најмногу што можевме , а за тоа се согласни и Србите од Косово, рече Вучиќ.

ДО НЕКОЕ ПОТЕШКО РЕШЕНИЕ ЌЕ МОРА ДА СЕ ДОЈДЕ ВО НАРЕДНИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ. ЌЕ БИДЕ ДОЗВОЛЕНО КОРИСТЕЊЕ НА СИТЕ ТАБЛИЦИ СО ОЗНАКИ КМ, НО НАШИТЕ ЛУЃЕ ЗНААТ ДЕКА МОЖАТ ДА ГИ КОРИСТАТ САМО НА СЕВЕРОТ, А НЕ И ЈУЖНО ОД ИБАР. СЛЕДНА ТЕМА ЌЕ БИДЕ ЗАЕДНИЦАТА НА СРПСКИ ОШТИНИ. АКО КФОР НЕ ЈА ЗАВРШИ СВОЈАТА РАБОТА ВО СОГЛАСНОСТ СО МАНДАТОТ, НИЕ САМИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ПОДГОТВЕНИ И СПОСОБНИ ДА ГО СПАСИМЕ НАШИОТ НАРОД, изјави вучиќ.

 Фон дер Лајен, која од посетата на регионот најмногу се задржа на релација Приштина – Белград го поздрави договорот. И таа на твитер напиша дека ОВА Е ДОБРО ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН, но нагласи дека сега е потребно двете страни да го продолжат дијалогот.

Состојбата се влоши значително пред една недела, откако косовската влада упати дополнителни полициски сили за имплементација на одлуката за отстранување на српските регистарски таблички од автомобилите кои влегуваат во нивната држава. Локалните Срби протестираат и поставија барикади на патот. Потегот на Приштина се правдаше како мерка на реципроцитет, со оглед на тоа што српската полиција досега им ги одземала регистарските таблички на косовските возила при влез во Србија. Белград и Приштина се согласија во 2014 година да дозволат слободно движење. Косовските власти велат дека договорот истекол и дека сега на нивна територија важат само косовските симболи.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поплавени простории на третиот кат, вода се слеала до подрумот – пукнала цевка од парното на Токсикологија

Дејан Дејан

Основците и средношколците од понеделник на еднонеделен пролетен распуст

Дејан Дејан

Руски воз со 90 тони нафта се запали во близина на рафинеријата во Омск

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе