Свет Топ вести

За насилство врз децата маж и жена од Македонија осудени на затвор во Германија

Маж и жена од Македонија се осудени од судот во Менхенгладбах, мал град во близина на Дизелдорф, бидејќи таткото ги тепал синот и ќерката, а мајката не презела ништо да го спречи.

Таткото, на 24 годишна возраст, и мајката, на 20 годишна возраст, се осудени на 13, односно 4 години затвор. Дополнително, таткото треба да му уплати на синот 500.000 €, а на ќерката 15.000 €. Мајката е казнета и со 300.000 € за синот и 10.000 €, што треба да ѝ ги уплати на ќерката.

Инцидентот се случил на почетокот на годината. Според обвинението, таткото го притискал тогаш пет недели стариот син на нозете и му скршил три коски. Од тепањето детето, добило траен физички и ментален инвалидитет. Таткото ја малтретирал и ќерката, која тогаш имала 17 месеци, и ѝ ја скршил потколеницата.

Децата им се одземени и дадени во згрижувачко семејство. Родителите се обвинети за сериозна злоупотреба на децата, а обвинителството проценило дека таткото не се кае во завршните зборови, а германските медиуми пишуваат дека двајцата обвинети, ќе се жалеле на пресудата, со надеж да добијат поблаги казни. Мајката се вадела и на тешко детство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе