Вести Македонија Топ вести

Четврт МНР има проблем со сертификати за доверливи информации- 2-ца дипломати паднале на ветинг

Со години работат во МНР, со поднесено барање да им се обнови безбедносниот сертификат во законскиот рок, ама не добиле повратен одговор од надлежната Дирекција за безбедност на класифицирани информации.

Министерот Османи тврди дека бидејќи не се одбиени тие ќе продолжат на да работат ан своите сензитивни работни места во дипломатијата, но не прецизираше дали ќе може да ги употребуваат класифицираните документи затоа што законот е дециден- до такви информации имаат пристап само оние со важечки сертификат.

Вкупно 116 вработени во МНР имаат поднесено такво барање и немаат одговор, а дури 61 дипломат не добиле одговор од надлежните. Проблемот е голем, а безбедносните служби не одговараат во 6 месечниот законски рок.

И додека за ветингот и откриени недостатоци беше дарежлив со долга изјава, за случајот со уапсениот Миле Миленкоски- и министерот Османи, но и другите надлежни за пропустите се уште лутаат во објаснувањето.

Османи вели дека Миленкоски се вратил приватно по 5 дена мисија во ОБСЕ, иако пракса е новоназначените дипломати да поседат во земјата домаќин најмалку еден месец за да ги завршат сите процедури.

Од друга страна поради Миленкоски кој е во притвор во Врање, почна ветинг и денеска Османи вели: откривме двајца кои ќе ги отпуштиме. Едниот работел во одделот за протокол на МНР. Откриените ќе бидат отпуштени, сега немаат пристап до класифицирани информации, а не се поврзани со ерменскиот скандал и Миленкоски.

Истечени договори со МНР на членовите на Комисиите за историја со Бугарија и за трговски марки со Грција

Уште 6-мина се привремено суспендирани од пристап до доверливи информации затоа што ненавремено поднеле барање да им бидат обновени сертификатите.

Од околу 500-тина вработени во МНР сега излегува дека со брза и плитка проверка е утврдено како една четвртина (127-мина) од дипломатијата има проблеми со безбедносни сертификати, а еден е во притвор со меѓународна потерница.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе