Вести Македонија

Истечени договори со МНР на членовите на Комисиите за историја со Бугарија и за трговски марки со Грција

Оливер Вархеи во Бугарија на разговори за ветото кон Македонија. Посетата на еврокомесарот за проширување на Софија на средба со бугарскиот претседател Румен Радев и министерот за надворешни работи, Светлан Стоев, доаѓа во очи на европскиот самит за Западен Балкан во Словенија на почетокот од октомври, најавуван како можност за носење одлука за старт на преговорите со Македонија и со Албанија.

Неговата нова посета на Бугарија, втора за неколку месеци, се толкува како притисок врз Бугарија да го преиспита ветото кон Македонија, кое во моментов освен Скопје, го кочи старот на преговорите и на Тирана.

Непосредно пак пред посетата на Вархеи порака стигна и од САД. Во петокот новиот заменик-помошник државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, во интервју за Радио слободна Европа изјави дека Бугарија не треба да го блокира членството на земјава во Унијата, со барање што побрзо да се најде компромис за билатерланото прашање.

И додека се засилува притисокот за деблокирање на пристапувањето на земјава во ЕУ шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, освен напорите на Вархеи и земјите-членки на ЕУ работите да се мрднат од мртва точка, со став дека треба да продолжат и разговорите меѓу Македонија и Бугарија без оглед што нема политичка влада во Софија.

Четврт МНР има проблем со сертификати за доверливи информации- 2-ца дипломати паднале на ветинг

Сепак, пречка за продолжување на разговорите со Бугарија, како што дознава Телма, може да биде тоа што на Комисијата за историски прашања од македонска страна им се истечени договорите за ангажманот со МНР. Османи кој денеска рече дека тој нема такви информации за комисијата со Бугарија, но потврди дека има таква информација за членовите во Комисијата за трговски марки со Грција.

„Тоа е прашање на Комисијата за трговски марки со Република Грција е истечен договорот во овој период. Предложено ми е да потпишеме анекс догово, но јас не потпишав затоа што сакам да бидам сигурен дека во тек на изборен процес може да се потпише анекс. Имам различни интерпретации од правниците. Меѓутоа јас сепак не потпишав се додека не добијаm силни гаранции од сите институции дека е во ред да потпишам продолжување на договорот за оваа Комисија. Но не е прашање за историската Комисија со Бугарија “, вели Османи.

Сепак, според информациите на Телма договорите на македонската членови на историската комисија со Бугарија истечени се на 15 септември.

„Доколку има таков проблем ќе важи истото и за нив“, вели Османи.

На прашањето дали тоа ќе биде пречка за работа на комисиите Османи одговори:

„Не, не верувам дека комисијата ќе престане со работа заради тоа што нема дA бидат две недели платени“.

Османи се надева на разбирање од членовите на двете комисии ако неколку недели работат без договори за финансиска надокнада поради распишаните избори во земјава.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе