Македонија Топ вести

Кандидатите потврдени- забрани за предвремен почеток на кампања има, но нема кој да ги спроеде

Законски не смеат да тераат кампања пред официјалниот почеток на 27 септември, но во пракса партиите секогаш наѓаат начин да ги заобиколат законите, а иако формално регулиран – интернет просторот никој не го мониторира.

Па така државните функцинери, кандидатите за градоначалници и советници за изборите на 17 октомври, практично иако кршат изборни правила, тераат кампања и кога законски е забрането, сепак нема кој да ги казни.

Од ДИК признаваат дека иако има забрани за кампања и на интернет, тие не можат да ги мониторираат порталите и социјалните мрежи кои политичарите масовно секојдневно ги користат за себепромоција.

На жалост останува како простор кој не може да биде исконтролиран во целост – Адмир Шабани, портпарол на ДИК.

Законот предвидува санкции за предвремен почеток на кампањата особено сега, откако кандидатските листи се потврдени. Но постапка пред ДИК може да покрене само друг учесник во изборната кампања. А во ДИК пак нема обврска и можност за мониторинг.

На жалост интернет порталите се друга приказна и не можат да бидат мониторирани. На крајот на краиштата ДИК нема такви надлежности да мониторира ниту интернет портали ниту радиодифузери ниту печатени медиуми. ДИК постапува само доколку до ДИК е поднесен приговор и тогаш ги цени наводите кои се ставени во самиот приговор. Тоа што ДИК во случајов може да го направи е само да ги разгледа наводите од приговорот, нема обврска за мониторирање- Адмир Шабани, портпарол на ДИК.

Се додека не започне изборната кампања на 27 септември, функционерите и кандидатите не смеат да имаат активности со кои ќе ги прекршат изборните правила.

Подносителите на листи кои се веќе потврдени не смеат да организираат јавни собирања и други јавни настани кои нагласувам се организираат од страна на учесникот на изборната кампања, не смеат јавно да истакнуваат плакати, видеопрезентации на јавни места, не смеат да имаат изборно-медиумско и интернет претставување како и дистрибуирањето на печатени материјали е забрането, зборувам за материјали кои во себе содржат претставувањер на самите кандидати и нивните програми- Адмир Шабани, портпарол на ДИК.

Забрана има и за актуелните локални, но и за централната власт. Не смеат да почнат изградба со државни пари на патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта, градинки и друго ако претходно за тоа не се обезбедени пари во буџетот. Забрана има и за вонредни исплати на плати, пензии, социјална помош. Забранети се и нови вработувања, а тие постапки кои се почнати се ставаат во мирување, но и за откази. Не смеат да се користат службени возила и државни канцеларии за изборни цели. По приговорите постапува  Антикорупциска и треба да одлучи во рок не подолг од пет дена.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе