Вести Македонија

ФОТО: Во светот пловат и потонуваат, кај нас се уриваат како да се дивоградби. Една од галиите на Вардар се растура, внатре полно со градежни остатоци

Галијата на Вардар која се наоѓа спроти МНР односно најисточно во речното корито денеска се разградува и уништува откако градските власти успеаја да почнат со реализирање на отстранувањето по судските перипетии со сопственикот од Бугарија.

Трите галии беа декор од контроверзниот проект Скопје 2014 и по доаѓањето на СДСМ на власт беше ветено дека ќе бидат отстранети поради несоодветната локација, за подобар протек на водите на Вардар и за враќање на стариот дух на Скопје.

Иако пред повеќе од половина година започна таа акција на град Скопје, поради неплаќање на киријата, постапката запре откако сопственикот-фирма од Бугарија со жалба на суд се обиде да го оспори уривањето и отстранувањето. По судските рочишта кои не го запреа извршувањето, градот денеска продолжи со уривањето.

Останатите две галии кои исто така поголем дел од времето се „на суво“ поради нискиот водостој на Вардар, се безбедни затоа што нивните кираџии ги плаќаат обврските кон Скопје.

Прочитајте: 5-мина приведени по тетовските протести, меѓу нив и организаторот Блерим Амеди- демонстрант со бекатон замавнуваше кон полицаец

-Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата!!! Скопје, една поинаква приказна!, напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот ФБ профил.

Објавени се и неколку фотографии на кои се гледа како изгледа внатрешниот дел на галијата. Градежни остатоци и панели од бродскиот таван и од скалите се нафрлани внатре, додека работниците низ отворена дупка на бродскиот труп ја расклопуваат галијата и ја однесуваат.

ВМРО-ДПМНЕ го осуди уривањето на објектот и однесувањето на скопскиот градоначалник Шилегов за кого велат дека немал градежни проекти туку само уривал она што го направиле претходниците.

Нема информација дали галијата целосно ќе се уништи и дезинтегрира на парчиња или ќе бидат послушани предлозите на некои граѓани, па како целина да се донира и стави на некое детско игралиште или во парк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе