Пандемијата со Ковид 19 има сериозно влијание врз дијагностиката на малигните лимфоми, како и кај сите други малигни и хронични болести. Граѓаните уплашени од пандемијата ги избегнуваат редовните прегледи. И покрај тоа што секој ден ширум светот се дијагностицираат по речиси 1000 нови случаи свеста кај луѓето за симптомите на лимфомот е мала, алармираат хематолозите.
Фактот дека во екот на пандемијата со Ковид 19 бројот на новодијагностицирани пациенти со лимфом, малигно заболување на крвта драстично е намален во Македонија е глобален тренд кој загрижува затоа што реалната слика е поинаква, предупредуваат хематолозите. Состојбата со Ковид 19 не треба да ги пролонгира редовните прегледи кај матичниот лекар.
Кога ќе споредиме бројките кои ги имавме во 2019 и 2020, сега имаме 40 проценти помалку новодијагностицирани пациенти. Тоа не значи дека нема пациенти, туку напротив значи дека пациентите не доаѓаат на време на преглед- проф. д-р Ирина Пановска- Ставридис, директорка на Универзитетска Клиника за хематологија.
Граѓаните навреме да се јавувааваат кај своите матични лекари кога ќе забележат зголемен лимфен јазол. Пановска со апел и до матичните лекари редовно да ги прегледуваат своите пациенти со палпација на лимфните јазли и да бараат дали постои промена, затоа што навремено дијагностицирање и соодветниот третман е шанса за долг и квалитетен живот.
На почетокот на пандемијата имаше анкета во САД која што укажа дека за 48 % им се намалиле шесте најчести малигни болести во првите неколку месеци од пандемијата новодијагностицирани случаи. Едноставно луѓето уплашени од пандемијата ги заборавија сите останати болести. Истото се случи и во нашата земја- проф. д-р Ирина Пановска- Ставридис, директорка на Универзитетска Клиника за хематологија.
Денот кога ќе направиме анализа како Ковид 19 пандемијата влијаела на останатите заболувања, најверојатно ќе се покаже дека морталитетот кај малигните заболувања е поголем во споредба со смртноста кај пациентите со Ковид 19. Со цел да се заштитат пациентите со лимфом кои се со намален имунитет и се во најранливите групи подложни на инфекција со Ковид 19 вакцинацијата е особено важна , додава професор Пановска.
Нина Стефанова
