Премиерот Заев ќе чека да заврши истарагата со пожарот во модуларната болница па дури потоа ќе се произјасни за оставките на Филипче и Хасани.ВМРО ДПМНЕ и денеска побара од собранискиот спикер Талат Џафери да ја стави на дневен ред одлуката за разрешување на министерот и заменик министер.
Сите треба да учиме од слабостите на системот,но трагедијата не смее да се политизира порача Премиерот Заев . Одлуката за оставките на Филипче и Хасани ќе ја донесе дури откако ќе заврши истрагата и ќе се утврди евентуална одговорност. Затоа и не смета дека во овој момент треба да ги проследи оставките кои се архивирани во Владата до Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара од собранискиот спикер Талат Џафери да ја стави на дневен ред одлуката за разрешување на член на Влада но Џафери тоа не го направи.
ВМРО ДПМНЕ: Согласно договорот, Собранието работи само до следниот петок, затоа што потоа почнува кампањата за локалните избори и целта е да се превесла целиот овој период од некаде 10-тина дена и оставката на Венко Филипче да не се достави до Собранието на Република Македонија, а во исто време да не се стави точка за разрешување на Венко Филипче како што бара ВМРО-ДПМНЕ.Целта е јасна, а тоа е да се заштити неспособноста и криминалот кој што чини човечки животи.
ДУИ смета дека оставките се висок морален чин , но Уставот и Деловникот мора да се почитуваат.Здравствените институциите според нив функционираат без проблеми.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска присуствуваа на собраниската седница.Тие вчера си заминаа од собраниската сала во знак на револт поради неприфаќањето на предлогот за разрешување на Филипче и Хасани.
Јулијана Пешевска
