Граѓанскиот суд во Скопје утврди постоење на насилство од страна на директорот на ООУ Лазо Ангеловски во Скопје кон вработена во истото училиште, соопштија од коалицијата Маргини. Пресудата е резултат на тригодишна борба на вработената преку нејзиниот полномошник, адвокатката Марта Гусар.
Изречени мерки за забрана од страна на Граѓанскиот суд во Скопје донесе скандалозното однесување во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, за кое алармираа повеќе вработени жени кои биле малтретирани и сексуално вознемирувани од директорот на училиштето. Судот утврди постоење на насилство.
Пред повеќе од половина година тогаш вработената во училиштето, до Основниот Граѓански суд Скопје, поднесе Предлог за изрекување на времени мерки за заштита од родово базирано насилство со предлог за изрекување на времени мерки за заштита, против директорот на училиштето. Во меѓувреме добива отказ од училиштето, додека нејзиниот претпоставен се уште е на позицијата директор.
Случајот подолго време ја тресеше јавноста поради објавата на фотографии со експлицитна содржина и потресни сведоштва за непристојни предлози, закани и омаловажувања од страна на директорот кон неговите вработени.
Лани, родители и вработени во „Лазо Ангеловски“ контактираа со Телма откако сите обиди за институционално решавање на овој сериозен проблем и скандал завршија неуспешно. Тогаш „КОД“ контактираше со директорот на „Лазо Ангеловски“ и тој во телефонски разговор децидно ги отфрли сите обвинувања.
Петар Догов
