Македонија Топ вести

Директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ насилно се однесувал, утврди Граѓанскиот суд во Скопје

Граѓанскиот суд во Скопје утврди постоење на насилство од страна на директорот на ООУ Лазо Ангеловски во Скопје кон вработена во истото училиште, соопштија од коалицијата Маргини.   Пресудата е резултат на тригодишна борба на вработената преку нејзиниот полномошник, адвокатката Марта Гусар.

Изречени мерки за забрана од страна на Граѓанскиот суд во Скопје донесе скандалозното однесување во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, за кое алармираа повеќе вработени жени кои биле малтретирани и сексуално вознемирувани од директорот на училиштето. Судот утврди постоење на насилство.

Пред повеќе од половина година тогаш вработената во училиштето, до Основниот Граѓански суд Скопје, поднесе Предлог за изрекување на времени мерки за заштита од родово базирано насилство со предлог за изрекување на времени мерки за заштита,  против директорот на училиштето. Во меѓувреме добива отказ од училиштето, додека нејзиниот претпоставен се уште е на позицијата директор.

Случајот подолго време ја тресеше јавноста поради објавата на фотографии со експлицитна содржина и потресни сведоштва за непристојни предлози, закани и омаловажувања од страна на директорот кон неговите вработени.

Лани, родители и вработени во „Лазо Ангеловски“ контактираа со Телма откако сите обиди за институционално решавање на овој сериозен проблем и скандал завршија неуспешно. Тогаш „КОД“ контактираше со директорот на „Лазо Ангеловски“ и тој во телефонски разговор децидно ги отфрли сите обвинувања.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Реконструкцијата е вовед во предвремени избори критикува опозицијата, но за власта е нова фаза во развојот на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе