Македонија Топ вести

Преспанско 11 сантиметри под апсолутниот минимум

Водостоите на повеќето реки во земјава се под просекот за септември, покажуваат денешните хидролошки мерења. Некои се преполовени, а подрастични намалувања бележат Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани, Лепенец кај Скопје.

Измерени се извесни покачувања во однос на просекот, на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, Струмица кај Сушево.

Охридското и Преспанското Езеро се исто така под просекот, но бележат и дополнително снижување за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден. Водостојот на Преспанско Езеро е 11 сантиметри
под апсолутниот минимум. Кај нивото на Дојранското Езеро нема промени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дизелот поскапува за 5,5 денари, се зголемува цената и на бензините

Дејан Дејан

Лани државата собрала скоро 80 милиони евра повеќе од данок на личен доход споредено со 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе