Вести Македонија Најважни

Сведок за Телма: Кршевме прозорци, корневме мрежи за да избегаме – мајка и ќерка изгореа заедно

Кршеле прозорци, корнеле мрежи за да избегаат. Кога сестра ми се свртела назад од 6-7 пациенти во собата на татко ми – двајца биле останати внатре. Што се случило со нив, не знае. Но, кога излегувала веќе се горело – и ѕидовите и плафонот…Ова е потресното сведоштво на тетовчанка која за Телма го раскажа кошмарот кој вчера го преживеале нејзината сестра и татко кој бил на кислородна поддршка во модуларната болница во Тетово која вчера целосно изгоре во пожарот.

Сестра ми слушнала дека некој извикува од другата соба и две секунди после тоа слушнала луѓе како викаат пожар пожар. Тие ја затвориле вратат во собата каде што биле, почнале да ги корнат мрежите да кршат прозори за да излезат надвор. Сестра ми како што видела кога се свртела двајца биле останати внатре. Пробала да ги разбуди викала по нив да станат, ама морала да бега затоа што пожарот бил раширен многу.Во моментот кога се свртела кога излегувала веќе гореле и ѕидовите и плафонот, се горело. Рече дека за две до пет минути се горело. Како што рече сестра ми барем од нашата соба ние бевме последни кои излеговме живи, раскажува таа.

Кога отидов таму се изнагледав изгорени луѓе, лешеви, многу повредени, тоа беше страшно. Слушнав и дека имало мајка и ќерка кои изгореле заедно затоа што ќерката не сакала да ја остави мајка си – раскажува таа. Она што слушнале од луѓето околу болницата е дека пожарот настанал кога медицинскиот персонал се обидувал да реанимира девојче кое било сместено таму.

Додека реанимирале девојче пукнал штекер. Ова се само муабети кои ги слушавме од луѓето околу болницата и не занеме дали е точно. Ништо немаше видено сестра ми бидејќи беше во друга соба.

 -Зошто сестра ви беше таму?

Сите што се во модуларна сѐ со придружба. Да во глобала немаат доволно персонал колку што знам имаат придружба и придружбата била пресудна во моментот да ги спаси тие што успеле да се спасат. Како што видела сестра ми најголемиот дел од нив биле со придружба па затоа и успеале да се спасат, вели таа.

Од тетовската болница не одговараат колку лица кои ги придружувале пациентите имало за време на пожарот. И зошто во ковид болница била дозволена придружба на пациентите? Од Државниот здравствен инспекторат пак велат не знаеле. Немале добиено пријава, а при контролите на здравствените установи до сега никогаш не затекнале лица кои ги придружувале хоспитализираните пациенти.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукна цевка од парно на третиот кат на Токсикологија

Дејан Дејан

Поскапува регистрација на возила, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе