Вести Македонија Топ вести

Чучер Сандево рекордер во кандидатури

Водата во општина Чучер Сандево секна за 20 –тина жители. Трошеле повеќе кубни метри вода и комуналното претпријатие ги исклучило од водоводот.  Сега тужат и си ја бараат водата назад. Но, не за пиење туку како техничка, бидејќи низ водоводод течеле кал и песок. Ветуван со децении новиот водовод ги разочара жителите на општина Чучер Сандево.

Во отсуство на питка вода и притисок во летните месеци жителите се снаоѓаат полнејќи вода од селските чешми.

Но, општина Чучер Сандево освен по децениските проблеми на жителите деновиве е познато и по изборниот феномен на неавзисни листи. Телма, се обиде да дознае зошто на листата во државната изброн комисија неколкупати се споменува оваа општина.

Тројца кандидати усепа да ги соберат потписите, еден сеуште се мачи, а на посоледниот ден за рокот се очекува и СДСМ да влезе во трка со свој предлог. Сепак, зад закоснката можност за кандидирање се крие политика велат, жителите.

Ако се погледне списокот на незавинси кандидати едно до имињата е актуиелнито градоначалник Јован Пејковски  кој ќе се бори за 4 ти мандат и три во низа. На списокот на ДИК фигурира и директорот на јанвотот комунало прептриајтие на општината . А, Горан Чекаловиќ и во 2017-тата м усе спротиставил на Пејковски. Влатко Смоковски е неизвено дали ќе ги собере потписите, а Сашо Комненовиќ е името кое треба да го исфрли партијта СДСМ. Но и Пејковски не е целосно самостоен бидејќи ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе го поддржи како независен кандидат. Пејковски освен што по 4 ти пат ќе ја бара довербата на гласачите тој е познат и пред судските инстанци, бидејќи во 2013-тата беше тужен и осуден на 3 месеци бидејќи физички нападнал и жител на с. Кучевиште и во физичката пресметка го гризнал за образот а тоа го потврди и лекарското мислење. Во неговитер 12 години мандат, освен инфраструктурата со која мака мачат жителите се почесто е иселувањето од овие неколку ридски села.

Одлуките ќе ги носат победниците од 3 неависни и 1 партиска листа кои поднеле кандидатури за совеотт на општина Чучер Сандево, општина која се простира на падините на Скопска Црна Гора и брои само 8.900 жители, а од Скопје е одделечна десетина минути.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе