Вести Македонија Топ вести

Македонија отстранета од листата на безбедни ковид земји

Европската унија во новата ажурирана листа на земји за кои не беа потребни ограничувања при патувањата ги исфрли Македонија, Косово, Црна Гора, Израел, Либан и САД. ЕУ им препорачува на своите 27-земји членки да ги вратат ограничувањата за туристите од овие држави поради зголемената инфекција на ковид во истите. А посебно да ги контролираат непотребните патувања. Патниците  ќе подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови на коронавирус и карантин. Целта е да се усогласат правилата за патување во ЕУ, иако не се обврзуваат членките кои слободно ја спроведуваат својата гранична политика.

На европската „бела листа“ сега има 17 држави, вклучувајќи ги Канада, Јапонија и Нов Зеланд.

Советот на ЕУ ја ажурира листата за безбедно патување на секои две недели, врз основа на стапката на ковид инфекцијата. Прагот за да се биде во листата на безбедни земји е во државите да нема повеќе од 75 нови ковид случаи на сто илјади жители во изминатите 14 дена.

ЕУ се уште им дозволува на повеќето вакцинирани патници да влегуваат, иако периодично може да се воведат тестови и карантин, во зависност од тоа во која земја на Унијата се патува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе