Македонија Најважни

Мицкоски: Ќе ја поддржиме кандидатурата на Данела Арсовска за иден градоначалник на Скопје

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да го поддржи идниот градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред седиштето на партијата.

Тој посочи дека Град Скопје доживува стагнација и не се развива, посочи на проблемите на скопјани, на капиталните проекти кои, како што рече, не се реализирани. Според  него, на Скопје му е потребен способен и подготвен менаџер на градот, личност која ќе ги обедини најспособните и најкомпетентните и ќе гарантира негов развој. Потенцира дека Арсовска има импозантна биографија, признаени успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори на Македонија.

Цврсто сум убеден дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите, сите жители на Скопје околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје, нагласи Мицкоски. Тој е убеден дека Арсовска ќе победи на претстојните локални избори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека Арсовска доставила програма, визија и стратегија до ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека разговарале за иднината на Скопје во следните четири години. Потенцира дека партијата донела едногласна одлука да ја поддржи Арсовска. Мицкоски додаде дека тие не ја кандидирале Арсовска, туку скопјани со собрани потписи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска донеле одлука за уште 10 други градоначалници, кои во текот на утрешнииот ден ќе бидат соопштени на прес-конференција.

Онаму каде ВМРО-ДПМНЕ ќе кандидира градоначалници, очекуваме поддршка од колаицијата Алијанса за Албанците и од Алтернатива во скопските општини Бутел, Гази Баба и уште во неколку други општини низ Македонија, рече Мицкоски. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на АА и Алтернатива во Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе