Македонија Најважни

Три пријави до Лекарската комора на Македонија за лекари кои шират антиваксерство

Три пријави стигнале до Лекарската комора на Македонија за лекари кои шират антиваксерство откако пред само два дена Комората излез со јавен повик да се пријавуваат лекари кои промовираат псевдонаука и невистини за ефектите од вакцинацијата. Комората инаку побара национални протоколи од стручните здруженија за вакцинација, додека за протоколите за лекување информациите се дека тие ќе претрпат промени, но поради насоките од СЗО, а не поради висока смртност на хоспитализираните.

Тројца лекари супспецијалисти се пријавени до Лекарската комора на Македонија за промовирање на антиваксерство на социјалните медиуми. Од Комората информират дека пријавите за тројцата лекари ќе бидат разгледани штом бидат дополнети. Засега, велат, нема пријави за лекари за директно одвраќање на пациент од намера да се вакцинира.

„Мораме да ги разгледаме сите пријави што се пристигнати и ќе разговараме со колегите кои се посочени дека даваат писмени објави. Не постојат пријави за доктори кои во секојдневна пракса не се придржуваат кон медицина базирана на докази или кои спречуваат директно пациенти да бидат вакцинирани“, вели д-р Калина Гривчева – Старделова, претседателка на Лекарската комора на Македонија.

Истовремено од Комората информираат дека веќе се работи на допрецизирање на членовите во предлог-законот за докторска дејност со кои ќе се регулира вакво делување на лекарите.

„Да таму, во тој закон се прецизира што слободата на говор слободата на делување, каде се се прави прекршок во тоа. ’Фејсбук’ објавите е малку проблематично е колку се… има и лажни профили“, вели д-р Гривчева – Старделова.

Д-р Гривчева – Старделова смета дека ваквото однесување е и поради нивна недоволна информираност за тоа кој се треба и може да биде вакциниран, за што Комората веќе побара од надлежните и стручните лекарски здруженија да излезат со насоки за постапување со пациентите за да се направи национален протокол за вакцинација. Како позитивен пример притоа го посочи протоколот на Македонската ревматолошка асоцијација за пациентите со автоимуни и ревматолошки болести.

Укажувањето на Лекарската комора за непостоење на национални протоколи д-р Гривчева – Старделова вели дека се однесува само на протоколите за вакцинација, а не и за лекување на пациенти од Ковид-19.

Сепак и во делот на протоколите за лекувањето се подготвуваат измени. Од Лекаската комора велат дека измените се поради следење на насоките кои ги дава СЗО и оти не се поврзани со високата смртност на хоспитализирани пацинети со коронавирус во земјава.

„Малку вакцинирани“, вели д-д Гривчева Старделова, на што  д-р Илбер Бесими, заменик-претседател на Лекарската комора дополнува:

„Во делот на смртноста е и кога се јавиле на лекар во која фаза и дали има коморбидитети. И тука реално треба да се направи евалуација и да се види зошто е тоа така“.

Од Лекарската комора на Македонја денеска повторно упатија апел до граѓаните да се вакцинираат како единствен инструмент за полесно и побрзо да се надмине заразата, да се намали смртноста, но и подобро да се информираат лекарите за вакцинацините и вакцинацијата за правилно упатување на пациентите.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе