Најголемата статистичка операција-пописот ќе започне на 5 септември без оглед на епидемиолошката состојба. Неосновани се барањата на ВМРО ДПМНЕ за електронски попис на само 10 дена пред неговиот старт, период во кој не може ниту да се измени законот, вели Премиерот Заев.
ВМРО ДПМНЕ не отстапува, решение е електронски попис.
Владата и ДЗС се неспособни да организираат попис.Власта ја води целосно аматерски постапката околу организацијата на пописот.Така што, решение е електронски попис за да се заштити здравјето на граѓаните и да нема манипулации.
Вчера заврши огласот за попишувачи кој го распиша Државниот завод за статистика. Пријавени се над 8000 лица но неизвесно колку од нив ќе се појават на закажаната обука. Доколку не се обезбеди доволен број, Заводот за статистика ќе ги превземе времено вработените во државните институции кои ќе треба да помогнат во спроведувањето на пописот. Ќе добијат хонорар до 40 000 денари, исто како и останатите попишувачи, а понудениот ангажман не смеат да го одбијат. Властите уверуваат дека статистичката операција ќе се врши согласно сите здравствени и безбедносни протоколи и нема простор од страв и паника поради епидемиолошката состојба.
Јулијана Пешевска
