Вести Македонија Топ вести

За бегалците од Авганистан се вршат безбедносни проверки и им се издаваат визи од 90 дена

Расфрлани низ цел Авганистан, на список за доаѓање во Македонија, но не може да стигнат до аеродромот во Кабул и да избегаат, ова е моменталната судбина на оние околу 650 авганистански бегалци кои треба привремено да се засолнат во државата. Министерот Бујар Османи како дел од владиниот координативен тим вели дека првите биле најавени уште во четвртокот но лошата состојба во Авганистан не дозволува нивна евакуација.

Државата добивала солидарност и сега треба да покаже, вели шефот на дипломатијата, а државниот секретар на САД синоќа преку писмено соопштение се заблагодари на сите држави кои помагаат на авганистанците кои се под ризик да се засолнат на безбедно место.

Албанија, Канада, Колумбија, Костарика, Чиле, Косово, Северна Македонија, Мексико, Полска, Катар, Руанда и Уганда дадоа дарежливи понуди во врска со напорите за преместување на ранливите Авганистанци. Ја цениме поддршката што ја понудија и горди сме што работиме со нив за заедничка поддршка на авганистанскиот народ. Исто така, охрабрени сме што и други земји размислуваат да понудат поддршка, изјави државниот секретар на САД Ентони Блинкен

Безбедносните проверки на бегалците од Авганистан ги врши МВР и Агенцијата за национална безбедност, а за сите МНР ќе провери дали имаат лични документи и ќе им издаде тримесечни визи.

Додека состојбата со авганистанските бегалци уште е нејасна, половина од македонските државјани затекнати во Кабул за време на талибанското освојување веќе се вратени во татковината. Синоќа пристигнаа уште 30-мина, пречекани од најблиските роднини и колеги. Иако евакуирани во средина на неделата знаеја дека многу авганистанци се уплашени и во ризик.

Уште 32-ца македонски државјани се во Свиндон, Англија, неколкумина се во Катар, а седум македонци во Осло и по завршување на епидемиолошките мерки треба да се вратат дома.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе