Вести Македонија Топ вести

Блинкен им се заблагодари за земјите кои помагаат во евакуацијата од Авганистан

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен изјави дека досега освен САД, уште 12 земји се согласиле привремено да прифатат Авганистанци, меѓу нив Северна Македонија, Албанија и Косово.

„Албанија, Канада, Колумбија, Костарика, Чиле, Косово, Северна Македонија, Мексико, Полска, Катар, Руанда и Уганда дадоа дарежливи понуди во врска со напорите за преместување на ранливите Авганистанци“, се вели во соопштението на Стејт департментот објавено доцна во петокот на 20 август.

„Ние многу ја цениме поддршката што ја понудија и ние сме горди што работиме со нив за заеднички поддршка на авганистанскиот народ. Исто така, ние сме охрабрени што и други земји размислуваат да понудат поддршка“, изјави Блинкен.

Во соопштението се наведува дека транзитот на евакуираните Авганистанци и државјани на други земји кои го напуштиле Авганистан, веќе се спроведува преку територијата на 14 земји.

Како што наведе, тоа се Бахреин, Данска, Франција, Германија, Италија, Казахстан, Кувајт, Катар, Таџикистан, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и Узбекистан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе