Македонија Топ вести

Орце Камчев не разбира зошто е обвинет, а Сашо Мијалков се изјасни дека е апсолутно невин за „Плацевите на Водно“

На експремиерот Никола Груевски ќе му се суди во отсуство одлучи кривичниот суд. Обвинетиот Сашо Мијалков исто за „Плацевите на Водно“ вели дека е апсолутно невин, а Орце Камчев не разбира зошто е обвинет, му проача на судот. Обвинителството за гонење организиран криминал , пак, тврди дека 6 мина обвинети му помогнале на Никола Груевски со 1,3 милиони евра од партиски донации да купи плацеви на Водно.

Апсолутно сум невин, а разбирам за што сум обвинет рече поранешениот директор на УБК Сашо Мијалков на почетокот на судењето за „Плацевите на Водно“. И Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ и Ратка Димитрова ги повторија истите зборови. Обвинетиот Орце Камчев на самиот почеток на судењето се спротистави на судот и порача дека не знае зошто седи во обвинителна клупа, но дека зане зошто го гони обивнителката Лиле Стефанова.

„Не можам да го разберам овој обвинителен акт. Споменат сум со 2-3 зборови и не за разбира добро зошто сум обвинет па и затоа не се чувствувам виновен. Ова го доживував како лична војна на обвинителката Лиле Стефанова заради рекет“- Орце Камчев, oбвинет.

Зборвите на првообвинетиот Никола Груевски судот не ги слушна бидејќи е во бегство во Будимпешта, но затоа го одби неговото барање да запре постпаката против него.

Судечки совет предмет „Плацевите на Водно“: „Се одбива предлогот на адвокат Мехмед Сефери бидејќи на обвинетиот Никола Груевски во предметот му се обезбедени сите гаранции. Доделен му е адвокат по службена должност на Никола Груевски и ќе му се суди во овој процес,“

Според обвинителката Лиле Стефанова токму Груевски ги злоупотребил партиски пари на ВМРО –ДПМНЕ и со 1,3 милиони евра и помош од останатите обвинетите купил парцела на Водно. Според одбрната тој не дал никогаш исказ за овој предмет и не може да му се суди.

Судијата им го отстапи пултот на адвокатите за воведни зборови кои тврдат дека нема докази дека со нелегални пари обвинетите купувале плацеви.

Според обвинението од месец октомври 2012 година до месец септември 2013 година  Н.Г. парите ги пуштил во оптек,  за што со умисла му помогнал обвинетиот Сашо Мијалков за да го купи плацот при што ќе го прикрие  изворот на парите и дека тој е сопственик на земјиштето.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе