„Тукушто остварив контакт со мојот турски колега Мевљут Чавушоглу околу состојбата во Авганистан. Со оглед дека Република Турција има широко дипломатско и логистичко присуство во Кабул, побарав евентуална асистенција доколу се појави потреба за извлекување и на нашите граѓани таму“, пишува министерот за надворешни работи Бијар Османи на Фејсбук.
Тој добил уверување од Чавушоглу на дека нивното присуство во Кабул е стабилно, дека располагаат со доволно логистички капацитет за трансфер на нивните граѓани, и дека ќе имаат предвид, доколку се појави потреба, да помогнат и при извлекување и на наши граѓани.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
