Десетмесечното бебе од Кичево зарзено со КОВИД 19 се лекува во домашни услови, а заболено е целото семејство, но ниту еден член засега не е хоспитализиран. Тие припаѓаат на еден од фамилијарните кичевски кластери, а в Кичево во последните неколку дена сосотојбата со вирусот драстично се влошува,
-Дете е пуштено на испитување преку матичен лекар, позитвино е , цела фамилија се позитивни, тие се на домашно лекување. Не знам зошто бил правен брз тест на десетмесечно дете, вели Станко Трпески, дирекор на Општа болница Кичево.
Кичево по Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар е град со најмногу заболени. Трпески вели дека најголме дел се кластери формирани од свадби и семејни веселби. Младите се најмногубројна, но повозрасните се со тешка клинилка слика. Расте притисокот и врз болницата.
-Секојдневно се прават о 30 -40 тестови, имаме по 50 прегледи и рентгeн лаборатории, значи наплив имаме од позитивни пациенти од викендот наваму, зголемен е бројот. Имаме 25 хоспиталзирани, на дневна болница уште неколку, има и на домашно лекување, така што ситуацијата, се влошува, вели Трпески.
Се погоелм е и бројот на забоелни печалбари, покажуваат официјланите тестирања што ги правата за вараќање во Западноевропските земји. Директорот на болницата во Кичево вели дека има непријатни ситуации, затоа што дел од нив, не ги прифаќаат овие резултати и тврдат дека брзите тестови набавени од аптека, им покажеле дека се негативни на вирусот.
-Испаднал тој тест негативен, а стручно земените тестови кај нас се позитивни, па имавме поголеми проблеми додека се докажаме. А клинилката слика, со рентген и лабораториските испитувања, заедно со тестовите, укажуваат на КОВИД-19, вели Трпески.
Само во последните четири дена во Кичево се регистрирани над 100 новозаболени, а вкупно во моментот болеста е во тек кај 160 кичевчани.
Емилија Мисирлиевска
