И покрај зголемениот број заразени со Ковид, првиот Вицепремиер Артан Груби не отстапува од масовната прослава по повод 20 годишнината од Рамковниот договор. Тврди дека уште пред три недели биле испратени барања до Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје за да се преземат сите мерки и запазат протоколите. Нема информации дали при влез гостите ќе треба да прикажат сертификат за вакцинација.
Во меѓувреме поканата за присуство ја откажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски а партијата нема да испрати ниту свои претставници.
Владејачката СДСМ го обвини Мицкоски дека е заглавен во етничките поделби и бега од решавање на проблемите.
Бегањето од одбележување на 20 годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ сеуште е заглавена во поделбите по етнички линии.“Македонија на сите луѓе” се покажа дека е уште една лага која не се прави со игнорирање на концептот на граѓанска држава и со промовирање чисто етнички политики, обвинуваат од СДСМ.
Прославата ќе ја чини државата половина милион евра.Централната манифестација ќе биде одбележена со присуство на околу 300 гости од земјава и од странство кои ќе бидат сместени во хотели со 5 ѕвезди во и надвор од Скопје. На располагање ќе имаат и сали за фитнес и спа центар ,додека транспортот ќе го вршат автомобили кои не се постари од 7 години.Настанот ќе се одржи на два дена пред почетокот на рестриктивните мерки.
Јулијана Пешевска
