Цели фамилии позитивни на Ковид-19 наместо да седат во самоизолација си заминале од земјава, преку граница без никој да ги исконтролира. Полицијата за ова дознала кога не ги затекнала во домовите каде требало да ја издржуваат мерката. после вчерашните 4 вакви случаи, денеска Тетовската полиција регистрирала девет од кои една е мајка со две деца од тетово и но има и од Мала Речица, Лисец, Гостивар и Косово.
Но и влезот во земјава е слободен без тест или потврда за вакцина. Така маж и жена по потекло од Охрид а иселени во Австрија дошоле да направат свадба во познат хотел. Веселбата била на 31 јули, и на неа имало 100 гости по што и двајцата завршиле во болница, од каде сега невестата е пуштена дома, а младоженецот се уште е во болница. Неофицијалните информации се дека тие имале симптоми уште на свадбата, и дека и по позитивните тестови не пријавиле контакти со луѓе.
Директорот на центарот за јавно здравје Ѓоко Костадинов не одговараше на повиците на Ттелма за да ги потврди или демантира ваквите информации. До обвинителството за сега нема пријава за настанот, но велат дека следат и ако има елементи на кривично дело ќе поднесат пријава. Мерки за контрола на граница со ПЦР тестови или вакцинални сертификати не се дел од новите мерки на Министерството за здравство.
Повикуваме на максимална одговорност при извршување на овој процес кој е имплементиран со цел да се заштити натамошното ширење на вирусот, велат од мз.
Веселби, свадби и журки во кафулиња се најчестите места каде се шири заразата, децидни се епидемиолозите. Под ризик се особено туристичките места.
За четири пати се зголеми бројот на новозаразени оваа недела во споредба со претходната, а значително се зголеми и бројот на починати. Здравство пак предложи мерки кои ќе важат за свадби, кафеани и јавни настани, но дури од понеделник. Според најавите викендов се предвидени голем број на концерти, а граѓаните се во трка и за што поскоро да направат веселба.
Билјана Николовска
