588 нови случаи на Ковид – 19, од направени 5.780 тестирање, осум смртни случаи во едно деноноќие, односно двојно повеќе од вчера. Министерството за здравство информира дека дека седум од починатите биле хоспитализирани, а еден починал во домашни услови, сите се од возрасната група меѓу 51 до 74 години. По двајца починати се од Тетово и Гостивар, едно од Скопје, најмладиот 51 година е од Прилеп, 65 – годишен пациент од Велес и најстариот 74 годишен е од Кичево. Состојбата со ковид – 19 во земјава се влошува. Неделната споредбена статистика покажа дека земјава е во фаза два каде се регистрирани кластери на случаи во одредени региони, а капацитетите се подготвени за одговор.
А еве како се распоредени новите позитивни на ковид – 19: 230 се од Скопје, 101 од Тетово, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, а пстанатите градови имаат заболени помалку од пет пациенти.
Министерството за здравство не дава информации кои од новоинфицираните се со новиот делта сој, кој е налесно пренослив и најприсутен кај младите. Инфектолозите и досега алармираа дека групата на возраст меѓу 20 и 29 годиние е во ризик поради бројните контакти и малиот број на вакцинирани меѓу нив.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје регистрирани сe 26 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.
Билјана Ставрова
