Македонија Најважни

Се разгорува пожарот во резерватот Јасен

Ова се снимки кои ги направија вработените на јавното пртпријатие Јасен кое се грижи за резерватот. Се наоѓаат на терен кој е едвај пристапен и се распоредени по целиот срт за да не дозволат пожарот да се рашири. И покрај тоа што е активен веќе неколку денови, денеска повторно започнал да се шири по целата должина. Од утрово се интервенира и од воздух оти пожарникарски возила не можат да се качат до горе.

Ова се снимки од зоом ертх кој покажуваат како од небо изгледа пожарот. Веќе неколку денови надвиснува и над селото Раовиќ од каде се гледаат пламените јазици. Таму интервенира и војската.

Инаку  подрачјето на Јасен спаѓа во посебни природни предели а претпријатието е формирано за заштита на повеќе природни реткости. Не е дозволено да се преземаат дејствија што би можеле да ја нарушат природната рамнотежа во екосистемите, и да ги изменат и автентичните карактеристики. Полн е со диви животни, богата флора и фауна.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе