Македонија

УНЕСКО бара oд Македонија и Албанија детален план за заштита на Охридскиот регион

Македонија и Албанија да разработат детален план со јасно дефинирани рокови за заштита на  Охридскиот регион, бара УНЕСКО во ревидираните одлуки што ги донесе Комитетот за светско наследство на 44 сесија   во јули во Кина.

Планот треба да се темели врз препораките на Реактивната мотниторинг мисија, а  двете држави до февруари следната година до УНЕСКО  да достават извештај за реализраниот напредок во  спроведувањето на активностите. Истовремено се бара Македонија и Албанија до февруари 2023 година пред Центарот за светско наследсво да достават извештај за состојбата во регионот, а доколку на 46 седница на Комитетот на УНЕСКО  не бидат отстранети  заканите, останува отворена опцијата за  поместување на Охридскиот регионот на Листата светски наследства во опасност.

Во одлуката се наведува дека во изминатиот период дел од препораките се исполнети, но поголем дел не.

Најголема загриженост Комитетот  искажува на постојаната ерозија на Светското културно и природно наследство, изградба на вискокатници на крајбрежјето, прекумерно искористување на брегот со несоодветна турстичка инфраструктура, недоволна вклученост на граѓанскиот сектор во креирање политики и носење одлуки и други забелешки

Охрид 4 децении го носи статусот град на УНЕСКО.

И на годишната 44-та сесија Комитетот  даде уште една шанса да не биде впишан на Листата свестко наследство на опасност, за што Охридскиот регион има рок од 2 години да го заштити Универзалното богатство.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе