Македонија

(видео)Големиот шумски пожар над с. Будинарци е совладан, испробан и изумот на Матовски за гаснење оган

Со пожарникатите од Австрија и од Македонија, денеска изумителот Илија Матовски направи практична вежба на антикаталитичка супстанца за спречување процес на оксидација, поточно на горење на материјалите, вегетавијата што е испрскана со неа.

По неколкудневна борба со огнената стихија над с. Будинарци, попладнево големиот шумски пожар е совладан. Со тоа целосно е изгаснат големиот шумски пожар кој го зафати реонот на општините Пехчево, Делчево и Берово.

Центарот за управување со кризи известува дека во пожарот не настрада ниту еден локален жител, ниту припадник на противпожарна или друга единица или институција, со исклучок на еден повреден австриски пожарникар кому му посакуваме брзо оздравување.

Дел од австриската противпожарна опрема како и наши и бугарски пожарникари ќе останат да стражарат на лице место за да не дојде до повторно разгорување на оганот на одредени места, нешто што редовно се случува по совладувњето на вакви големи пожари особено имајки го во предвид засилениот ветар кој од пред малку почна да дува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе