Владата ем забранува да се организираат настани по 16-ти август во затворено, ем вели дека кога ќе се организираат со повеке од 30 гости ке мора да се има сертификат за вакцинација.
Целосно се забранува организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти. Се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, за било каков настан при влез во објект, вклучително и во угостителски, каде има повеќе од 30 присутни лица, се вели во владиното соопштение.
Министерот за здравство Венко Филипче за кој мерките се јасни, отвори уште една дилема. Дали освен во затворено и на отворено не смее да се собираат повеќе од 30 луѓе.
Ова е прв пат да се носат мерки во кои сепак дали лугето се вакцинирани ќе биде пресудно дали ке влезат во кафеана или кафуле, но само ако е поголема гужва од 30 луѓе, а за тоа ќе треба да има и редарска служба. Инспектори пак ќе ги пребројуваат гостите.
Свадбите биле пресудни за ваквите мерки оти бројките покажале дека најголем дел од новозаразените претходно биле на веселба. Но дури една недела им е оставено на оние кои ги планирале до 16-ти да ги истераат или одложат. Филипче негира дека тактизирањето е поради прославата за рамковниот договор, за која барем според тендерот, се предвидени хотелска хала која собира 300 гости, а ќе се одржи на 13-ти август.
Ширењето на делта сојот го предизвика новиот бран, а за само една недела бројот на новозаразени се зголеми за 240 посто. Меѓу нив има и вакцинирани и тоа се под десет проценти, но сѐ уште уверувањата се дека вакцината штити од тежок облик на болеста.
Тетовската болница веќе се полни, па на вториот кат од инфективна во Скопје ќе се носат заразените тетовци. Делта сојот според студиите се шири за 60 проценти побрзо од британскиот, па од министерството не ја исклучуваат можноста вакцината да стане задолжителна.
Билјана Николовска
