Свет

Жестоки борби меѓу авганистанските сили и Талибанците во центарот на Кундуз

Авганистанските сили и Талибанците водат жестоки борби во центарот на градот Кундуз, главниот град на истоимената провинцијата, изјавија официјални лица и жители.

Жестоките борби од улица до улица продолжуваат во различни делови на градот. Некои безбедносни сили се повлекоа кон аеродромот, рече Амрудин Вали, член на провинцискиот совет на Кундуз.

Талибанците од петокот зазедоа две провинциски престолнини, но Кундуз, кој се наоѓа во северните региони на земјата, би бил најзначаен доколку падне во рацете на џихадистите. Талибанците започнаа офанзива во мај, кога странските сили ги започнаа последните фази од нивното повлекување.

Талибанците стигнаа до главниот плоштад во градот. Авионите ги бомбардираа”, рече телефонски Абдул Азиз, жител на градот. – Владее целосен хаос, пренесуваа западни медиуми.

Авганистанските владини сили во голема мера ја препуштија провинцијата на џихадистите, но сега се борат за да заштитат голем број градови низ земјата.

Во петокот, Талибанците го зазедоа првиот провинциски главен град, Заранж во Нимроз, а еден ден подоцна го зазедоа Шеберхан во Јoуџан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе