Македонија Топ вести

Во моментов нема активни пожари во Куманово и Старо Нагоричане

Во моментов нема активни пожари на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане, информираа денеска командирите на противпожарните единици, Дејан Илиевски и Далибор Трајковски. Вчера на подрачјето на Старо Нагоричане повторно се активирале пожарите на Кокино и кај Жељувино-Дренак.

Пожарот на потегот Жељувино-Дренак, во планинскиот предел се активирал во попладневните часови, а е згаснат по полноќ. Екипи од двете противпожарни единици дејствувале на терен, а како поддршка им биле вработени од Национални шуми и мештани.

На Кокино горела сува трева и нискостеблеста деградирана шума, пожарникарите интервенирале за час и половина

Кумановските пожарникари интервенирале и на пожар во близина на подружницата на Национални шуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе