Од денеска, 3 август, стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ цела Македонија.
Оваа одлука Владата ја донесе со цел да заштитат граѓаните и секако за спречување на ширењето на активните пожари низ целата држава, но и појава на нови жаришта.
„Владата на Република Северна Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Во текот на утрешниот ден (вторник, 3 август) стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката“, се вели во соопштението објавено на интернет-страницата на Владата.
