5 авиони и 5 хеликоптери се обидуваат цел ден да го стават под контрола шумскиот пожар кој се шири денеска северно од Атина.
Стотици луѓе кои живеат во близина на шумската област северно од главниот град на Грција ги напуштиле своите домови откако огнените јазици опасно се приближиле до станбените блокови.
Пожарот првично започнал околу пладне, но бргу се раширил, потпомогнат од ветрот и високите температури од околу 42 степени целзиусови во делови од Атина.
Пожарот ги оштети и електричните столбови, додавајќи дополнителен притисок на електричната мрежа која веќе е под силен притисок заради зголемената употреба на климатизерите.
