Репортерите на Телма, Огнен Чанчаревиќ и Петар Догов известуваа за вонредните вести на телевизијата.
Тие ја регистрираа штетата предизвикана од огнената стихиха, уништените шуми , изгорената трева но и уништените куќи од пожарот.
По тензичната ноќ, пожарот над и околу Кочани е ставен под контрола, но ситуацијата се уште будно ја следат противпожарните екипи. Се уште е активен еден пожар во планинскиот регион, кој го гаснат хеликоптери. Сепак ситуацијата е далеку постабилна од вчерашните апокалиптични слики и силниот оган над Кочани кој делуваше незапирливо.
Како што јави нашиот репортер, Огнен Чанчаревиќ, воздухот над Кочани силно мириса на чад а црната земја, изгорена од огнените јазици е најдобар доказ за пеколната опасност која му се закануваше на градот.
Во Старо Нагоричани била избегната голема опасност на неколку населени места и пожарникарите се уште ја следат ситуацијата на терен и се обидуваат да се справат со опасноста која ја носи уште 2 помали пожари , кои со хеликоптери и екипи на теренот настојуваат да ги изгаснат пожарите.
