Македонија Топ вести

Половина век стари возила и 520 пожарникари помалку од неопходните во одбрана од пожарите

Состојбата со противпожарните екипи во земјава уште пред една година ја анализираше центарот за граѓански комуникации. Според нивната дата база недостигаат дури 536 пожарникари за да го задоволат законскиот минимум. Само на скопје му фалат повеќе од 200, на Тетово 65 пожарникари, и Гостивар со 52 пожарникари.

Но во анализата се отвора уште едно прашање. Ако има доволно пожарникари, дали има што да возат?

Во земјава има вкупно 241 противпожарно возило, со просечна старост на од 28 години. Најстари возила имаат Кратово и Делчево, најнови Велес и Демир Хисар.

Најстари возила, во просек 35 години, и натаму има противпожарната единица во Кратово. Со истата просечна старост на возилата од 35 години е и противпожарната единица од Делчево, а веднаш зад нив на третото место е Струмица, со 33 години. Валандово и Струмица ги имаат двете најстари противпожарни возила во земјава – ТАМ 5500 и ФАП 13 – и двете од 1966 година, односно стари по 54 години.  Најмладите три возила, стари нецела година, односно произведени во 2019 година ги имаат Прилеп и Демир Хисар.

Инаку, најмалку противпожарни возила во земјава има единицата во Македонски Брод, само две, додека по три возила имаат единиците во Демир Хисар, Берово и Делчево.

Кога станува збор за застапеноста на марки возила, убедливо води ФАП со дури 63 возила. Следат Лада Нива од која има 32 возила, ДАФ со 20 возила и ТАМ со 18. Од марките Волво и Мерцедес има по 13 возила.

Но кога има големи пожари на целата територија на Македонија, како противпожарни единици на Република Северна Македонија дејствуваат територијалните единици на градот Скопје и општините: Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе