Граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија од пре околу еден час е затворен за сообраќај и од македонска и од грчка страна, откако пожарот кој избувна околу 14.00 часот кај Гевгелија, поради ветрот брзо се спушти до граничниот премин. Огнот во близина на преминот е изгаснат, но се чека целосно да се смири ситуацијата со пожарот, со последиците од него пепелта и чадор, па тој пак да биде отворен.
Засега нема информации кога ќе биде повторно отворен преминот, а до тогаш патниците се пренасочуваат на граничниот премин „Стар Дојран“.
