Македонија Топ вести

Заев: Го живееме третиот Илинден

„На оваа наша генерација Илинден не ни е даден за да го оставиме во историјата или во сеќавањата, туку да го живееме и да го носиме неговиот пламен во иднината каде што припаѓаме. Илинден не е врзан за ниту една идеологија, ги надминува границите на било кој временски период“, е пораката која ја испрати премиерот Зоран Заев од Пелинце.

Говорејќи за Илиденското востание Заев кажа дека таму се собрани визионерските принципи, идеали и идеи, врз основа на кои државотворноста стана жива приказна и со кои и ден денеска се идентификуваат сите граѓани, а за Крушевскиот манифест потенцираше дека е столб на кој се издигна македонската држава.

Со АСНОМ, вториот Илинден, е создадена македонската држава како дом на слободата за сите нејзини граѓани, а декларациите и резолуциите се доказ на стремежите на тогашните дејци за сопствена држава и сопствен идентитет.

Референдумот за независност, остварувањето на стратешките цели, влезот во НАТО, напорите за членство во ЕУ, се македонскиот трет Илинден, кажа премиерот во својот говор.

Од Скопје, спикерот Талат Џафери нагласи дека Илиден и Првото заседание на АСНОМ се двата столба врз кои се темели државотворноста на Македонија.

Очекувано премиерот Заев во својот говор се осврна и на клучниот проблем во моментов, спорот со Бугарија и ветото и порача дека тој ќе биде надминат бидејќи кај двете страни има визионери.

Во јануари 1903 година во Солун беше одржат конгресот на Македонската револуционерна организација на кој се донесе одлуката за кревање на востание и беше избран и датумот 2 август кога четите ќе тргнат во акција.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе