Свет Топ вести

Стотици туристи евакуирани од плажите во Бодрум заради шумските пожари

Стотици странски туристи беа евакуирани денеска од плажите во Бодрум , откако шумските пожари кои беснеат надвор од контрола во Турција, опасно се приближија до повеќе хотели и куќи во регион.

Турската крајбрежна служба, помогната од флота приватни чамци и јахти, беа употребени за да ги однесат туристите на безбедни локации.

Според турските медиуми, голем број туристи од 3 хотели со 5 ѕвезди биле евакуирани за да бидат спасени од огнената стихија.

Уплашените туристи ги чекале чамците на плажите од популарното турско одморалиште Бодрум. Руската новинска агенција Спутник соопшти дека повеќе од 100 руски туристи биле релоцирани од Бодрум во други хотели на турскиот брег, подалеку од пожарите.

Брзото ширење на огнот ги изненади и спасувачите и репортерот на турска телевизија кој бил со нив на бродот на крајбрежната служба.

“Да, ова е неверојатно, едноставно неверојатно. Како овој оган дојде толку бргу овде за само 5 минути? Како што гледате, пожарот е сега веднаш до хотелот од 5 ѕвезди “Forever Club”. Уште 15 метри и ќе стигне до главниот пат” – пренесе еден турски репортер.

На социјалните мрежи беа објавени и снимки на кои се гледа како колони туристи со куфери и патни торби во рацете итаат кон плажите за да бидат евакуирани, додека на брдото над нив огнот забрзано се ширеше и опасно им се приближуваше.

Пожарите, кои се шират во близина на повеќе турски одморалишта, досега усмртија 6 луѓе. Две нови жртви беа потврдени во текот на вчерашниот ден и тоа дел од илјадниците луѓе кои се борат против 100-тината шумски пожари кои се ширеа непосредно до повеќе центри на турскиот туристички регион.

Според турските власти,уште 10 пожари не се ставени под контрола и продолжуваат опасно да се шират.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера го посети и градот Манавгат каде има 5 жртви во пожарите.

Тој потврди и дека властите ќе ги проверат сите информации за можноста дека пожарите се намерно подметнати. Според Ердоган, во големите операции на пожарникарите за гаснење на пожарите се вклучени и повеќе авиони од Азербејџан, Иран , Русија и Украина.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Дејан Дејан

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе