Македонија Топ вести

Мијалков и Нинџа со безбедносни мерки, Камчев и Боки 13 со здравствени надзори во затвор

Еск директорот на УБК Сашо Мијалков е под посебни безбедносни мерки исто како и клучниот сведок во процесот од 27 ми април, Александар Василевски Нинџа.

И двајцата се под специјален надзор во затворот во Шутка поради тоа што има висок ризик за нивната безбедност.

За Мијалков поради тоа што долго време беше шеф на УБК, а за Василевски Нинџа оти службите имале сознанија.

Тој од затворот во Штип беше префрлен во специјално одделение во Шутка.

Од управата убедуваат дека постојано се следи здравствената состојба и на бизнисменот Орце Камчев и на Бојан Јовановски кој од пред една недела ја издржува затворската казна.

И Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева за сега е во приемно но ќе биде сместена во единственото женско одделение кое се наоѓа во Идризово.

И последната група од 4 ца повратници од Сирија и Ирак кои учествувале во терористичката војска ИСИС се наоѓаат во притворот во затворот во Шутка. Таму за нив се изготвени и безбедносни и медицински протоколи.

Инаку во моментов зголемен број на специјалци го чуваат затворот во Шутка. Направен е нов план поради зголемен безбедносен ризик, па во координација со мвр на повеќе точки се распоредени полицајци. Од управата признаваат дека бројот на затворска полиција е многу мал во споредба со потребите особено во затворот Идризово.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе