Владата попушта под притисокот на експертите, помалите партии и невалидниот сектор и најави дека ќе го намали или укине прагот од 2 отсто за независните листи на каднидати.
Изборниот законик остана блокиран со над 700 амандамни во Комисијата повеќе од јасно е дека нема да биде поставен на пленарна седница и гласање во догледно време.
Премиерот Заев кажа дека вчера имал средби со пратениците од парламентарните политички партии, укажуавњата на експертсдката јавност ги оцени како прифатливи и потврди дека доколку одлучат пратениците прагот да се намали или укине Владата ќе прифати.
„ Секако дека не се плашам од независни листи. Вчера поминав цел ден во Парламентот и ги слушнав пратениците, буквално од сите пратенички групи. Укажувањата од стручната јавност се прифатливи и верувам дека веќе е најдено решение. Изборниот законик ќе биде согласно укажувањата кои стигнаа од експертската јавност но и од помалкубројните и незвисните кои оценија дека не е коректно поголемите партии да го определуваат процентот или прагот на собрани потписи за поднесување на независни листи. Видов дека има амбиент и ќе биде намален од 2 на 1 отсто или можеби и укинат. Како одлучат пратениците јас тоа ќе го поддржам“ – изјави Заев.
А претседателот Стево Пендаровски вчера соопшти дека доколку Изборниот законик мине во Собранието нема да го потпише бидејќи е спротивно на препораките на ОБСЕ и е нелогично да се потребни повеќе потписи за поднесување на советничка листа на локални избори отколку за кандидатура за претседател на држава.
За невладините не е спорен само прагот од два отсто од вкупниот број на гласачи во општината туку и фактот што Изборниот законик се менува непосредно пред одржување на избори што се коси со сите меќународни препораки и отвара можност за политичка корупција.
Спикерот талат Џафери најави дека ќе ги распише локалните избори на 6 август а првиот круг ќе се одржи на 17 октомври. За Џафери формално-правно нема пречка измените да бидат усвоени до стартот на роковите за поднесување на советнички листи и кандидатури но би било дискутабилно од етички и правен аспект.
Огнен Чанчаревиќ
